Единствено Македонија не ја прекина изградбата на станови

Bez autora
Jul 26 2012

Додека цените на недвижностите во југоисточна Европа вртоглаво паѓаат поради економската криза која го доведе во тешка состојба пазарот на недвижности, Македонија е единствена земја во која кризата не ја прекина изградбата на недвижности. Цените не се намалуваа, посебно во центарот на Скопје. Цената на квадратен метар на стан во главниот град на Македонија е од 1.000 до 2.000 евра, а најлуксузните станови достигнуваат цена и до 1.800 евра по квадрат. Од 2008 година вредноста на недвижностите во регионот опаднаа од 30 до 50 отсто. Од Грција до Романија плановите за изградба на индустриски и туристички проекти се одложени, а тие што беа почнати се прекинати. Пред пет години Црна Гора имаше невиден развој на градежништвото и пазарот на недвижности.

Единствено Македонија не ја прекина изградбата на становиДодека цените на недвижностите во југоисточна Европа вртоглаво паѓаат поради економската криза која го доведе во тешка состојба пазарот на недвижности, Македонија е единствена земја во која кризата не ја прекина изградбата на недвижности.

Цените не се намалуваа, посебно во центарот на Скопје. Цената на квадратен метар на стан во главниот град на Македонија е од 1.000 до 2.000 евра, а најлуксузните станови достигнуваат цена и до 1.800 евра по квадрат.

Од 2008 година вредноста на недвижностите во регионот опаднаа од 30 до 50 отсто. Од Грција до Романија плановите за изградба на индустриски и туристички проекти се одложени, а тие што беа почнати се прекинати.

Пред пет години Црна Гора имаше невиден развој на градежништвото и пазарот на недвижности. По прогласувањето на независноста во 2006 година следеше голем интерес кај купувачи од Русија за недвижности во земјата, што ги зголеми цените, така квадрат Подгорица достигна 1.000 евра, а во црногорското крајбрежје и до 2.500 евра. Цените сега во нај елитните локации на црногорското приморје паднаа дури за 80 отсто.

Во Србија се градат само проекти кои ги финансира државата, а приватните инвеститори градат многу малку. Претседателот на Комисијата за градежништво на Стопанската комора на Србија, Горан Родиќ вели дека во предградието се градат мали згради со неколку станови, а поради кризата дури падна и цената на луксузните станови на најпрестижните локации.

Бугарскиот пазар на недвижности, кој до пред неколку години доживеа голем развој, од 2008 година трпи голема криза. Цените на недвижностите во Бугарија паднаа во просек за дури 42,8 отсто, а најголем пад има во Софија со 45,6 отсто. Според официјалната статистика, цените на недвижностите во Бугарија паднаа во првиот квартал оваа година па на крајот на март просечната цена на квадрат станбена површина изнесуваше 452 евра. Минатата година просечните цени беа 463 евра, а во 2008 година 697 евра.

И во Букурешт помалку се гради, има помалку издадени одобренија за градење, пред се поради големиот број непродадени станови. Цените на кириите на становите во Букурешт се намалија поради кризата од 50 до 60 отсто.

Како и во другите земји во регионот, така и во Грција десетици илјади недвижности чекаат купувачи. Продажба нема ни откако цената значително падна, а трговците на недвижнини ги нудат своите поволни услови за купување. Во понуда се дури околу 25.000 луксузни вили.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik